Целта на посетата, како што наведуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, е засилување на севкупните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, посебно по потпишувањето на договорот за инвестициско партнерство.
Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања. Biznisvesti
Во британскиот Парламент, министерот Муцунски ќе оствари средба со членовите на Парламентарната група за соработка со Република Македонија.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами, ќе престојува во тридневна работна посета на Обединетото Кралство. Kanal5