Ако цената е асимилација, благодарам, но не сакам, а како да бидам политички аналфабет, како некој пред мене и да прифатам нешто без да знам дека ќе има јасен крај – кажа Мицкоски.
Пратеникот Антонио Милошоски денеска на прес-конференција од партиското седиште рече дека ако Бугарија тврди дека проблемот, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција во ЕП со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик. Novamakedonija
Народот јасно може да види кој за што се залага, и може да препознае дека СДСМ се демаскирани и дека секој знае дека од страна на нивното раководство постои една спремност да се прифатат било какви дополнителни понижувања и потчинувања на Македонија.
За разлика од тоа, целта на ВМРО-ДПМНЕ, е да ги заштити националните интереси, достоинството на државата, да имаме конструктивен дијалог со секој сосед, па и со Бугарија, базиран на аргументи, но без виткање на рбетот на самата држава. Kanal5