„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ, институцијата која се грижи за безбедноста на сите нас во воздух. Fokus
На огласот за нови вработувања, избрани се лица кои од квалификации единствено имаат партиска книшка.
Во М-НАВ, место професионалци кои знаат англиски и имаат стручни лиценци, ВМРО-ДПМНЕ вработува, сопруг на директорка на Централен регистар, сопруга на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседател на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ“ рече денеска портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска. Libertas
Некои од кандидатите дури не знаеле англиски, а сепак биле фаворизирани, додека другите кандидати без партиски врски биле одбиени“.
„За скандалот да е поголем, интервјуата ги вршеле само директорите од Управниот одбор на М-НАВ без претставници на синдикатот на контролори на летање. Libertas