Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и револт поради одлуката на актуелната влада ВМРО–ВРЕДИ да не даде согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри во клиничката болница во Тетово – професионалистки, мајки и столбови на стотици семејства, кои со години посветено им служат на пациентите и на јавното здравство на државата. A1on
Одлуката на Владата да не даде согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри во Клиничката болница во Тетово е опасен преседан кој сериозно ја нарушува довербата во институциите и ги поткопува темелите на соживотот, реагираат од Демократската унија за интеграција (ДУИ). „Таквата одлука не е само неправедна и политички мотивирана, туку содржи и елементи на отворена етничка и родова дискриминација.
Наместо да се вреднува професионалноста на овие вработени, од кои многу беа во првите редови за време на пандемијата, тие беа игнорирани на најнедостоинствен можен начин. 360stepeni
„ДУИ бара итно повлекување на оваа одлука и враќање на медицинските сестри на нивните работни места, со постојан работен однос.
Актуелната влада мора да разбере дека играњето со судбината на луѓето и со достоинството на жената нема да помине без политички последици. 360stepeni