Политиката ја оставам на политичарите, имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, Пулс“ и „Крмзов“, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за весникот „Политиката ја оставам на политичарите и ќе употребам еден тежок збор, а тоа е пркос, пркос кон предметите за кои во моментов ве уверувам дека имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд : „Онкологија“ случај за кој и лично чувствувам обврска да го докажеме, потоа случајот со струмичкиот бизнисмен Крмзов, докажуваме криминал тежок 90 милиони евра, потоа убиствата причинети од криминалните пресметки и секако случајот за кој се обврзав пред семејствата дека ќе има правна завршница, а тоа е пожарот во дискотеката „Пулс“. Faktor