Во однос на најавите на премиертот Христијан Мицкоски, дека треба потрошувачката кошничка да биде поделена во пет сегменти, Трендафилов вели дека Властите треба да ги покачат платите, а не да им кажуваат на работниците од каде и што да јадат.„Вие ако сакате да го направите тоа кажав и еднаш претходно ниту во комунизмот некој не се осудуваше да им кажува на работниците, што треба да јадат, што треба да пијат и кога да јадат и кога да јадат и колку да јадат, мислам дека тоа е многу погрешен чекор и мислам дека наместо да ја замајуваат јавноста и да ги замајуваат работниците и да го напаѓаат ССМ за вредноста на кошничката, мислам дека требаше да ги зголемат платите па никој немаше да зборува ниту вредноста на кошничката, ниту за потребата од една три пет или не знам колку веќе кошнчки, за самец, за двајца, за млад брачен пар, пензионери и така натака“, додаде Слободан Трендафилов – претседател на Сојуз на синдикати на Македонија. Alsat