18 земји побарале кредити во вредност од 127 милијарди евра, преку инструмент создаден за зајакнување на одбранбените капацитети на континентот, соопшти ЕК. Програмата, наречена „SAFE“, е во сржта на стратегијата на европската извршна власт за забрзување на заедничката набавка на оружје, како одговор на наводната руска закана.
До истекот на крајниот, синоќа на полноќ, формално барање до Европската комисија за позајмици за заеднички набавки за потребите на одбраната од механизмот „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), поднеле 18 земји членки на ЕУ, соопшти ЕК. Механизмот САФЕ располага со вкупно 127 милијарди евра, кои можат да се користат во форма на заеми за финансирање на набавки за потребите на одбраната.