ВМРО-ДПМНЕ: Таравари во скутот на Ахмети ја пее неговата песна 12:04, август 4, 2025 ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини Арбен Таравари дека го сменил ставот кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, под притисок и уцени, и дека сега работи во корист на ДУИ и Али Ахмети.„Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице, човек кој до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети“, се наведува во соопштението на партијата.