На натпреварот на 2 август, додека младите кошаркари гинеа на теренот, на трибината токму од спротива на Мицкоски, поголема толпа навивачи, накитена со познатата „Вергина“ иконографија, својствена токму за поддржувачите на премиерот и партијата на власт, истакнаа транспарент“ За да постои македонскиот народ, не му треба ваша дозвола“?!Колаж од фотографии од ФејсбукТранспарент како нарачан за поддршка на наративите на Мицкоски за загрозениот македонски идентитет, јазик, култура, традиција, кујна, дневна, спална, купатило…Да потсетиме дека токму тој, Мицкоски, од позиција на премиер и самоповикан заштитник на македонскиот идентитет, неодамна упати жестоки обвинувања кон поранешниотминистерот за надворешни работи, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи:-Точно знаеше што правеше. Frontline