Министерството за внатрешни работи испрати јасна порака дека нема да толерира говор на омраза на спортските трибини и најави ригорозни санкции за сите прекршувања на јавниот ред и мир.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). По расчистувањето на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.