Повеќе делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде посетена и месноста Карпалак каде на 8 август 2001 година во заседа загинаа 10-те прилепски бранители, кога беше нападнат армискиот конвој.
Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, Лазе Јаќимоски, заменик-министер за јавна администрација и Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање денеска на споменикот Карпалак во Прилеп положија цвеќе во спомен на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.