Со полна пареа, се работи и се асфалтира на главната траса на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид, информира Јавното претпријатие за државни патишта.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим изврши увид во активностите на траса при што беше известен дека се работи забрзано и дека работата на Изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници од автопатот. Република