Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар.
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола вчера извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар, како и во службените простории во средно училиште кои ги користел, информираат од МВР.
Со полиција вечрва сакаат да ја извлечат од дома да ја однесат на работа и на сила да го прими решението за разрешување – велат партиски извори за Либеертас.
Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, реагира СДСМ: „Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.