Формираната Комисија за селекција на кандидатите е составена од седум членови – Илбер Руфати, заменик Народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение односно фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото, односно членот во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество во областа владеење на правото и борба против корупција, Бардил Јашари, претставник на здружението односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери Стафаи од ВРЕДИ, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт. Фокус