Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип истакна дека „апсолутно никогаш нема да се повлечат од преговори со Европската Унија“ и оти „цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата“. Фокус
Тој одговараше на новинарско прашање да даде коментар околу иницијавата поднесена од поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска до Уставниот суд за оспорување на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, за што Уставен отвори предмет, при што упати дека за тоа најдобро е да се праша поранешната пратеничка, но и да се почека одлуката на Судот.