Од: А1он Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. А1он
Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи. А1он