Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова. Фокус
Во обраќањето на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август, што се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“, Сиљановска-Давкова порача дека природата на војната рапидно се менува, а галопирачката трка во вооружувањето диктира поголеми инвестиции во одбраната.