Наместо да измислува имагинарни непријатели, Мицкоски треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот и законите, зошто ги дискриминира Албанците, зошто ја исклучи дијаспората од официјалните пресметки спротивно на уставните и законските норми, зошто ја инструментализира ДИК, Уставниот суд и другите институции за партиски и моноетнички цели, и зошто со секоја одлука ја враќа државата назад во времето пред 2001 година“ соопштија денеска од опозициската ДУИ.