Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот на Албанија, Еди Рама, и на целиот тим што неуморно работи на отворање на првото преговарачко поглавје. Nezavisen
Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава, порача денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери. Civilmedia
Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери. Republika
Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската унија во 2030 година.
Мора исто така да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија. Faktor
Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.
Албанија конечно седи како рамноправен партнер на масата на земјите членки на Европската Унија, нагласи Рама. Denesen
Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ. Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Македонија на крајот на септември. Netpress
Досега напредокот на Албанија на патот кон ЕУ беше поврзан со напредокот на Северна Македонија.
Одлуката Албанија да почне преговори за членство во ЕУ по кластери минатиот месец ја донесе Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), со што земјата се одвои во патот кон ЕУ од С Македонија. 360stepeni
Албанија во 2009 година поднесе барање за влез во Европската Унија, а првата меѓувладина конференција за пристапни преговори се одржа во 2022 година.
Досега напредокот на Албанија на патот кон ЕУ беше поврзан со напредокот на Северна Македонија. 360stepeni
Албанија, денеска на втората меѓувладина конференција со Европската Унија (ЕУ) во Луксембург, го отвори Кластер 1 за придружување во блокот. Telma