Разговори за железничко поврзување на Скопје и Приштина и изградба на патот Тетово-Призрен.
Прашањето за железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина како и изградба на зедничка железничка станица која ќе ги олесни граничните постапки во делот на транспортот на добра и патници е отворено во тек на офиоцијалната посета на Косово на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски. Kanal5
Двете страни се согласија да се формира работна групи кои ќе ги разгледа можностите за реализација на овој проект.
Во рамки на посетата, делегациите остварија и посета на неколку инфраструктурни проекти што се реализираат во Косово, а кои се од регионалано значење. Mk
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски се во официјална посета на Република Косово на покана на Либурн Алију, министер за транспорт на Република Косово.
Во рамки на постетата тие остварија средба со министерот за транспорт на Република Косово, Либурн Алију, на која се разговараше за реализација на капитални проекти што се од заеднички интерес за двете земји. Netpress
Важен дел од таа програма е патот Тетово-Призрен, како еден од нашите приоритетни проекти.
Денеска со гордост и ја соопштиме на пошироката јавност веста дека работите за овој проект продолжуваат добро, соопшти Коалиција „Вреди“ . „Затоа, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, и заменик директорот, Назим Таипи, беа во оваа насока да ги видат работите на лице место, оваа посета се случи во градот Призрен. Netpress
„На средбата се отвори прашањето за железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина како и изградба на заедничка железничка станица која ќе ги олесни граничните постапки во делот на транспортот на добра и патници.
Исто така на средбата се разговараше и за евентуалното патно поврзување и изградба на патниот правец Тетово-Призрен со изградба на зеднички тунел како гранична точка меѓу Македонија и Косово. Plusinfo
Новиот пат Тетово-Призрен ќе поврзе два од главните градови на Северна Македонија и Косово, зајакнувајќи ги врските и соработката меѓу двете земји.
Со тунел од 6,4 километри, овој проект значително ќе го скрати времето на патување и ќе ја олесни циркулацијата на граѓаните и стоката, давајќи значаен придонес за економскиот и социјалниот развој на регионот. Plusinfo
Косовскиот премиер Аљбин Курти оцени дека односите на Соединетите Американски Држави (САД) со Косово се силни и дека неговата земја „тесно соработува со Вашингтон“.
Курти во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“ ги наведе економските договори меѓу Косово и Србија за време на првата администрација на претседателот Доналд Трамп, кои според него биле пристап од тоа време и придонеле за подобрување на стабилноста. Press24
И во втората недела најважни теми се вработувањето, здравството, образованието, инвестициите во инфраструктурата.
Употребата на социјалните мрежи, како што се Фејсбук, Инстаграм и Х, исто така е зголемена за пренесување ставови и предизборни пораки. Libertas