Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство во Скопје на средбата со претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ, пренесува Индекс.хр. На официјалната средба со Јандроковиќ во Хрватската амбасада во Скопје, македонските Хрвати ја пренесоа својата посветеност за негување на хрватскиот јазик, историја и наследство, но и укажаа на предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението од хрватското Собрание.
„На Јандроковиќ му беа посочени предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението. Press24
Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство во Скопје на средбата со претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ, пренесува Индекс.хр. На официјалната средба со Јандроковиќ во Хрватската амбасада во Скопје, македонските Хрвати ја пренесоа својата посветеност за негување на хрватскиот јазик, историја и наследство, но и укажаа на предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението од хрватското Собрание. Fokus
Јандроковиќ се сретна и со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, а потоа ќе оствари средба и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
„Претседателот на Собранието ќе има говор и на свечената седница на македонското Собрание. Libertas
Напоменувајќи ја досегашната поддршка од македонската страна во реализацијата на одредени проекти, тие ги посочија и предностите што ќе им ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република Северна Македонија, стои во соопштението.
Претседателот Јандроковиќ изјавил дека Република Хрватска е многу посветена на зачувување на културното, јазичното и образовното наследство на Хрватите во Северна Македонија. Biznisvesti