Муцунски во Загреб се заблагодари на Хрватска за понудената помош, петтемина повредени таму во стабилна состојба Шефот на накедонската дипломатија Тимчо Муцунски утрово го посети Загреб каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени.
По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, денеска во главниот град на Хрватска беа донесени уште тројца поврдени од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани.