Случајот со Онкологија е веќе втор случај по пресудата за Модуларната болница, каде што некогашниот министер за здравство, а сега привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче е изземен од одговорност, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски вели дека човекот кој бил министер за здравство во периодот кога на Онкологија се правел овој криминал од тешки размери, каде што е оштетен Буџетот во износ од над 2,2 милијарди денари, бил Венко Филипче. Kurir
Во соопштението на партијата се наведува дека времето додека Филипче раководел со здравствениот ресор било обележано со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, бројни скандали, злоупотреби и системски хаос, чија кулминација бил случајот со Клиниката за онкологија.
„Додека Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. Plusinfo