Другите двајца лекари се обвинети за кривично дело Несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист, поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба, изјави Ана Гоговска Јакимовска, предметен обвинител Во другиот обвинителен акт Васев е обвинет заедно со поранешниот медицински директор Нехат Нухи. Sitel