Таму се работи за шумски пожар каде што, според ЦУК, нема активен пламен, само чад во карпест дел.
Активни се и пожарите во местото Преовце во општина Куманово и во село Ругинце во Старо Нагоричане, на двете локации е зафатена ниска вегетација. Plusinfo
До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка – помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Mms