ЈП „Лајка“ за третман на бездомни кучиња информира дека со длабоко разочарување ја прими неодамнешната изјава на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во која се тврди дека „Лајка“ не е ефикасна во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.
Оттаму велат дека оваа изјава, за жал, јасно демонстрира непознавање на проблематиката, и покрај тоа што во повеќе наврати се имаме понудено за соработка, консултации и координација, како кон Општина Кисела Вода, така и кон ЗЕЛС.