Од: А1он За заканите врз мене како жена и некој што не е од екипата на “јаките” партии, министерот за внатрешни работи наместо да постапува си тера политика, при загрозување на мојата, безбедноста на моето дете и семејство, како и безбедноста на вработените во град Скопје, МВР сè уште нема ни формално постапено по ниту една поднесена пријава, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на почетокот на отвореното писмо испратено до амбасадорот на Европската унија во земјава Микалис Рокас. A1on