Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент од она што можам овде да го видам, нема реална опасност по околните куќи, иако има неколку куќи кои можат да се видат зад мене и се буквално во шума.
Благодарение на храбрите локални жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и една екипа на „Национални шуми“, во овој момент нема опасност за селото и нема потреба од ширење паника. Kurir
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот во регионите Блаца и Чучер Сандева најверојатно започнал од отпушоци од цигари. Puls24