1 (5) ■ вести > македонија ■ 24-Feb 13:20 -> 25-Feb 09:37
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски

  • Лефков: Филипче и СДС се подготвени да ја оддалечат Македонија од нашиот стратегиски партнер САД и од Трамп

СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка.

„Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратките на Левица, контра претседателот Трамп и Америка“, нагласи Миле Лефков, пратеник од ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, на денешната прес-конференција.

5 (44) ■ вести > свет ■ 24-Feb 07:24 -> 25-Feb 09:37
.
.
.
.

Макрон: Некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина

  • Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

  • Трамп најави можни одделни состаноци со Зеленски и Путин

  • Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина како гаранција за безбедноста по потпишувањето на мировниот договор, иако тие нема да бидат испратени на линијата на фронтот.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.

Претседателите на САД и Франција Доналд Трамп и Емануел Макрон се на билатерална средба во Белата куќа, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Францускиот претседател Емануел Макрон гледа „значителен напредок“ по неговите вчерашни консултации со американскиот претседател Доналд Трамп за војната во Украина.

7 (61) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Feb 09:38 -> 25-Feb 09:43
.
.
.
.

СДСМ денес ќе му ги предадат документите на Мицкоски за скандалот со Меџити

  • СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

  • Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира, велат од СДСМ

  • СДСМ вели дека поседува документи за вмешаност на Меџити во злоупотреби и сомнежи за корупција

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.

„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи.

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат, обвини СДСМ.

Денеска пред јавноста ги објавуваме доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани.

8 (4) ■ вести > свет ■ 25-Feb 07:47 -> 25-Feb 08:53
.
.

Трамп ја укина наредбата за пријава на кршење на меѓународното право со оружје испорачано од САД

  • Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употребата на американско оружје

Администрацијата на Трамп ја укина наредбата од времето на Бајден со која се бараше да се пријават потенцијални прекршувања на меѓународното право поврзани со оружје што Америка им го доставила на сојузниците, вклучително и Израел, информираа двајца американски функционери.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја укина наредбата издадена од претходниот претседател Џозеф Бајден, која бараше извештаи за потенцијални прекршувања на меѓународното право поврзани со употребата на американско оружје од страна на сојузниците, вклучително и Израел, изјавија двајца американски претставници и извор запознаен со одлуката.

13 (23) ■ вести > свет ■ 24-Feb 07:12 -> 24-Feb 21:33
.
.
.
.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Украина може да влезе во EУ пред 2030 година

  • Фон дер Лајен од Киев: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ

  • Фон дер Лајен: Русија мора да одговора за злосторствата што ги направи во Украина

Украина може да влезе во Eвропската Унија(ЕУ) пред 2030 година.

Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев.

Посветеност на ЕУ кон Украина е и ќе остане непоколеблива, бидејќи не е во прашање само правото на Украина да постои како слободна нација, туку и иднината на нашиот европски континент, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на заедничката седница на Колеџот на комесари и украинската Влада.

Повеќе од
оваа категорија

43 (7) ■ спорт ■ 24-Feb 13:28 -> 24-Feb 17:20
.
.
.
.

Ристовски: Ракометот го прогласивме за спорт број еден – заслужува најголема поддршка!

  • Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1

Ракометот е спорт број еден во Македонија и затоа заслужува најголема финансиска поддршка од државата, истакна министерот за спорт Борко Ристовски на денешната панел-дискусија во Скопје, посветена на стратегиите и формите на финансирање за развој на ракометот.

Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија.

Повеќе од
оваа категорија

16 (13) ■ бизнис > македонија ■ 23-Feb 12:36 -> 24-Feb 14:36
.
.
.
.

Поевтинуваат бензините и дизелот

  • ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Од полноќ бензините поевтини за еден денар, а за половина денар дизелот и нафтата за домаќинства

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а Еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика (РКЕ). Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 79,00 денари, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 81,00, еуродизел БС (Д-Е V) за 73,50, а екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,00 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика.