Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи вечерва.
Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината.
Општината Чучер Сандево свика вонредна седница – бараат од владата да прогласи вонредна состојба во општината поради пожарот кој се шири во населените места Глуво, Чучер, Кучевиште и Блаце.