Бугарскиот претседател Румен Радев во прв коментар по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која предизвика реакции поради изоставувањето на македонското знаме на нивната заедичка фотографија во петокот во Софија, нагласува дека нејзината посета не била ниту официјална, ниту работна.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Софија присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
Посетата на претседателот на Република Северна Македонија на нашата земја беше по повод културен настан – не беше ниту државен, ниту работен.
Министерството за надворешни работи и надврешна трговија утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.