Влегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во Македонија преку која ќе изградиме квалитетни транспортни мрежи во регионот и ќе допринесеме за побрза интеграција со Европската Унија, е ставот на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска го пренесе на средби со министри за транспорт од земји на Европската Унија, средби со колегите министри од земјите на Западен Балкан како и со претставници од различни институции на Унијата во рамки на дводневниот состанок на министри за транспорт на ЕУ што се одржува во Унгарија. Netpress
Состанокот на министри на земјите од Европската унија е одлична можност да ги презентираме нашите планови и активности за развој и модернизација на инфраструктурата во Македонија и да дадеме сериозен придонес за регионалниот развој и интеграцијата на цел регион, посочи министерот Николоски по средбите.
На средбите тој ја истакна цврстата заложба на Владата за остварување на зацртаните цели на земјата кои се однесуваат на пристапниот процес за членство во Европската Унија. Netpress