Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз.
Несериозно е кога испраќате претседател на државата дури и да нема отворени прашања, да не внимавате на целосниот протокол од почеток до крај, од влегување во границите на таа држава се до заминувањето. Libertas
ВМРО ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. -Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Mk
Седум години СДСМ ја враќаше државата на маса со земјите членки и на НАТО и на Европската унија со таа меѓународна политика.
Благодарение на меѓународната политика на владите на СДСМ, денеска сме земја членка на НАТО и започнати преговри со ЕУ, за кои патем Владата на ВМРО ДПМНЕ назначи главен преговарач, рече пратеничката Славјанка Петровска. Nezavisen
Се додека ВМРО ДПМНЕ ја посочува СДСМ за виновна за се, вклучително и за тоа што им се случува во кабинетите, не може да се каже дека ја научиле лекцијата.
За скандалот со знамето и непочитувањето на македонското знаме е виновно ВМРО ДПМНЕ, рече Петровска. Libertas