Голема благодарност и до мојот тренер, ВМ Трајко Недев, кој ме подготвуваше за време на турнирот, и до мојот клуб ШК Алкалоид, кој секогаш ме поддржува – изјави Тони Лазов.
Со овој успех 24-годишниот Лазов се приклучува кон „клубот на медалисти“, во кој досега беа тројца негови колеги од ШК Алкалоид: ВМ Драгољуб Јаќимовиќ има златен медал од Олимпијадата во Истанбул 2000 година на третата табла, ВМ Трајко Недев има бронза од Олимпијадата во Ереван 1996 година на четвртата табла, додека, пак, единствената дама во ова друштво е Весна Секуловска, чиј медал е освоен на Европското екипно првенство во Пловдив 2003 година, сребро на втората табла. Plusinfo
Актуелниот државен првак на Македонија во шах и член на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, го постигна најголемиот успех во кариерата на Шаховската Олимпијада, која заврши во Будимпешта, освојувајќи сребрен медал за својот индивидуален настап на втората табла, со одличен рејтинг-перформанс (2763)! Лазов игра во одлична форма последниве две години, при што претходната година на Европското екипно првенство освои велемајсторска норма, која и овојпат му беше на дофат. Skopjeinfo
Воедно, неговиот тренер ВМ Трајко Недев е единствениот кој има и сребрен медал од ЕП 2003 година, освоен на третата табла, и сребрен од Светското првенство за шахисти над 50 години 2023 година, на втората табла.
Тони Лазов е најмладиот носител на шаховски олимписки медал во Македонија, а кариерата ја започнува во шаховските школи на ШК Алкалоид, активно играјќи шах од својата 10-годишна возраст. Faktor
Тони Лазов е најмладиот носител на шаховски олимписки медал во Македонија, а кариерата ја започнува во шаховските школи на ШК Алкалоид, активно играјќи шах од својата 10-годишна возраст.
ИМ Тони Лазов беше единствениот член на ШК Алкалоид во составот на машката репрезентација на Македонија на оваа 45. Шаховска Олимпијада во Будимпешта. Plusinfo