На јавната расправа по однос на иницијативата што се одржа денеска, судиите кои го споделија своето мислење беа согласни дека одредбите се неуставни и посочија дека е неопходно уредување на регулативата.
Судијката известител за предметот, Татјана Васиќ Бозаџиева, на расправата посочи дека станува збор за задржување на мета податоци кои не ја откриваат содржината на пораките. Biznisvesti
Мета податоците не се податоци кои зборуваат за содржината, тоа е друг закон, Закон за следење на комуникации, појасни Васиќ Бозаџиева.
Според неа, мерката задржување на податоци претставува ограничување на уставното право за неповредливост на писмата и други начини на комуникација. Libertas
Судијата Осман Кадриу истакна дека регулативата дијаметрално отстапува од регулативата во Уставот.
Вака како што е уредено, следењето на комуникациите, тоа да се врши само по налог на државниот орган, без да има одлука на суд, секогаш претставува можност правата на човекот да бидат повредени. Republika
Да ја употребиме новата можност од Актот, со поведување на постапката да му наложиме на Собранието рок од шест месеци да ја уреди регулативата, рече тој.
Во иницијативата се наведува дека член 178 од Законот за електронските комуникации пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа, а член 176 став 3 од истиот закон пропишува дека операторите се должни задржаните податоци за електронските комуникации на претплатниците по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон, при што и оваа одредба од Законот не предвидува постоење на судска одлука за вака задржаните податоци, поради што и членовите 176 и 178 од Законот за електронските комуникации не се во согласност со член 17 од Уставот. A1on
Без вклученост на судот не може никој никого да следи, рече Кацарска.
Судиите на расправата дискутираа дали мета податоците се важни за безбедноста на државата, како ќе влијае укинувањето на можноста за нивно прибирање и дали би дошло до оневозможување во постапување на органите на прогон. A1on
Во иницијативата се наведува дека член 178 од Законот за електронските комуникации пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа, а член 176 став 3 од истиот закон пропишува дека операторите се должни задржаните податоци за електронските комуникации на претплатниците по барање да им ги достават на надлежните органи по услови и постапка утврдени со закон, при што и оваа одредба од Законот не предвидува постоење на судска одлука за вака задржаните податоци, поради што и членовите 176 и 178 од Законот за електронските комуникации не се во согласност со член 17 од Уставот.
Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорените одредби од Законот не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните, како и при прибирањето на потребните податоци во врска со остварена комуникација. Biznisvesti
Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорените одредби од Законот не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните, како и при прибирањето на потребните податоци во врска со остварена комуникација.
Во отсуство на јасни законски одредби во врска со следењето на комуникациите, според нив, постои ризик за создавање наограничена моќ, во спротивност со принципот на владеењето на правото и човековите права на приватност и заштита на личните податоци. Biznisvesti
Подносители на иницијативата се ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии од Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија од Скопје, Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит Скопје од Скопје, Форум за истражување на безбедносни политики СЕКУРИТАС од Битола и професор д-р Трпе Стојановски од Скопје.
Одлуката по однос на иницијатувата Судот ќе ја донесе по завршување на седницата. Novamakedonija