Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на денешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ). Како што информират од Народната банка, конференцијата на високо ниво ќе ја отворат со обраќања претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и челните претставници на институциите организаторки, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан. Biznisvesti
Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на денешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ). Како што информират од Народната банка, конференцијата на високо ниво ќе ја отворат со обраќања претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и челните претставници на институциите организаторки, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан.
Воведно обраќање на Конференцијата ќе има и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер. Nezavisen
Како што истакнува Камер, независноста на централните банки е витално јавно добро, коешто мора да се чува и да се зајакнува.
Во оваа смисла, тој ја истакнува нашата земја како импресивен пример, нагласувајќи дека создавањето на независната Народна банка во 1992 година било клучно за намалувањето на хиперинфлацијата од раните деведесетти години, додека денеска Народната банка, според новиот индекс за независноста на централните банки на ММФ, е рангирана на многу високо ниво. Nezavisen
Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава.
Ова беше посочено од директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, кој на маргините на Десеттата меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, се сретна со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Kanal5
Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава. Biznisvesti
„Во услови на глобална неизвесност, централната банка има важна улога во одржувањето на макроекономската стабилност, преку мерките за справување со последователните кризи во изминатите четири години.
Преку водење претпазливи, соодветни политики, инфлацијата се сведе на едноцифрени стапки, додека девизните резерви се зголемија за 40%, во однос на преткризниот период. Nezavisen
Овие трансформации бараат добро поставени реформи со цел да се зголеми отпорноста на економиите и да се намалат среднорочните инфлациски притисоци“, порача Ангеловска-Бежоска.
Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, истакна дека независноста на централните банки може да биде основата на модерното централно банкарство, но и дека транспарентноста и отчетноста се она што ја балансира независноста на централната банка со принципите на демократијата. Nezavisen
Создавањето независна централна банка во 1992 година беше клучно за да се намали хиперинфлацијата од раните 1990-ти. Народната банка е рангирана многу високо во новиот Индекс на независност на Централната банка на ММФ, посочи Камер.
Според директорот на КПБВ, Марк Узан, довербата што централните банки ја уживаа ширум светот, во текот на многу години, можела да се изгуби доколку општеството почнело да се сомнева во нивната посветеност на стабилноста на цените. Republika
Неопходно е да се најде нов модел за стабилизирање на шоковите во постојано менување на економската средина.
Еден од столбовите на стабилноста во непредвидливо време се централните банки, посочи Сиљановска – Давкова. Republika