Ослободување во висина од 5.000 до 6.600 евра нуди Општината Кисела Вода, за млади брачни парови, кои сакаат да изградат куќа во оваа општина, со услов да не го продаваат објектот во следните 10 години.
Преку проектот „Кисела Вода – адреса за заеднички дом’, брачните парови до 40-годишна возраст, коишто немаат друг имот во своја сопственост, од Општина Кисела Вода ќе добијат можност за делумно или целосно ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште. Nezavisen
Придонесуваме и кон поголема родова еднаквост во сферата на сопственост на недвижниот имот, бидејќи „Кисела Вода – адреса за заеднички дом“ бара двајцата брачни другари да бидат инвеститори.
Денеска го промовираме стартот на кампањата „Кисела Вода – адреса за заеднички дом“. Telma
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски одржа прес-конференција за проектот „Кисела Вода – адреса за заеднички дом“. Nezavisen