Овие 35 илјади гости практично ќе бидат на балканска тура, таа балканска тура започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија или вкупниот број на ноќевања на овие 35 илјади гости коишто ќе доаѓаат годишно на почеток, планот е да ги дуплираме тие чартер летови, да бидат два и три но тоа ќе зависи од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети, треба и ние како држава да подржиме таков тип на сместувачки капацитети коишто ќе бидат атрактивни за овој тип на гости, коишто би биле во поголем број односно би ги дуплираме, па и ги триплирале во годините коишто следат, но овие 35 илјади гости бројот на ноќевања коишто ќе ги имаат претставува практично од 10 до 15 проценти од вкупниот број на ноќевања коишто ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас.