Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
16.29
15.11
1.34/0.71
6.00
2.12
0.35
673.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
11 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 220.4
Best clustering variants
11 0.99/0.01 2 220.4
Press24

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека се очекува до Нова година да бидат пуштени во употреба експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, експресниот пат Градско – Прилеп, а во план е модернизација на Коридор 10, врската Север - Југ.

До Нова година очекуваме да го пуштиме во употреба делот, кој иако беше фаворизиран, некако беше заборавен, но благодарение на вончовечките напори на Министерството, на Александар лично, на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, овој пат од Ранковце до Крива Паланка би требало да биде пуштен во употреба. Press24

  • „До Нова Година очекуваме да го пуштиме во употреба делот којшто иако беше фаворизиран некако беше заборавен, но благодарение на вончовечките напори на министерството, на Александар лично, на Коце Трајановски, директорот на ЈП Државни патишта овој пат од Ранковце до Крива Паланка би требало да биде пуштен во употреба.
Republika

Исто така она наследство кое што ни беше оставено, Коридорот 8 и Коридорот 10Д, односно оние четири секции коишто треба да ги поврзат Тетово и Гостивар, од Гостивар до Букојчани, од село Требениште до граничен премин Ќафасан и од Прилеп до Битола се работат.

За жал поради немањето проекти, односно проектирањето во текот на изградба, многуте нерешени имотноправни проблеми, односно проблеми со експропријација, даваме вон човечки напори да го решиме, но динамиката е многу забрзана споредено со минатото, но сепак не е на она ниво на коешто сакаме да биде, но набргу од денеска мислам дека ќе го постигнеме тоа ниво на динамика коешто го очекуваме“, потенцираше Мицкоски и додаде: „Започнуваме со проектирање на исти така експресно поврзување, односно поврзување со експресен пат од Куманово до местото Чатал, таму каде што започнува овој експресен пат, преку Длабочица доаѓа до Крива Паланка и мислам дека ни остануваат уште неколку секции коишто ќе ги работиме во периодот кој што следи со што ќе ја заокружиме целосно патната инфраструктура кај нас во Македонија, не само автопатите, туку и експресните патишта.“ Мицкоски истакна дека истовремено се работи и на пругите, приспособување на локомотивите, како и на консолидирање на јавните претпријатија Македонски Железници Инфраструктура и Транспорт. Republika