Се работи на правилникот, се надевам дека тоа ќе биде по изработени проекти, за дополнителни стипендии за постдипломски и докторски студии со објавување на научни проекти кои во минатото ги немаше, од идната година ги предвидуваме, така што средствата за наука ќе се зголемуваат, а ќе се зголеми и севкупниот буџет на Министерството за образование и наука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос на преговорите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) одговори дека тие се во тек и очекува за релативно кратко време да биде постигнат сериозен договор, најавувајќи дека постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година. Kanal5
Се уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го реализираме со тек на време.
Очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците за разлика од пред неколку месеци кога можностите речиси беа исцрпени, сега веќе се појавуваат реално можности за покачување на платите на наставниците, рече министерката за образование и наука. A1on
„Сè уште сме во фаза на преговори.
Очекувам за релативно време дека ќе постигнеме договор и тој ќе биде сериозен и повеќегодишен. 360stepeni
Според неа, еден од начините за да се зголеми продуктивноста на наставниците, но и социјализацијата на малкуте ученици, е подрачните училишта да се спојат со централните.
На прес-конференцијата посветена на 100-те дена од преземањето на функцијата, Јаневска најави дека ќе има поголем буџет за обрзаованието за наредната година, а очекува дека наскоро ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците. Kanal5