Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје попладнево официјално ја пушти во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма. Nezavisen
Во моментов ја презентираме првата верзија на моделот, но тимот кој го изработи моделот е детерминиран да се изработи и втора подобрена верзија, како и верзија за транскрипција на дијалектите на македонскиот јазик, која ќе придонесе за научноистражувачката работа на УКИМ, но и ќе ги зачува дијалектите за наредните генерации, рече Ангелова.
Посочи дека се планира и изработка на подобрен кориснички интерфејс и решавање на одржливоста на платформата за транскрипција на македонскиот говор. Nezavisen