Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
62.19
24.42
0.33/1.17
6.00
3.58
0.60
548.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
13 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 269.2
Best clustering variants
13 0.99/0.01 2 269.2
Kanal5

УКИМ соопшти дека со следење на модерните текови за негување и употреба на македонскиот јазик, дигиталниот модел е креиран од Дејан Порјазовски, експерт за технологии на вештачка интелигенција за препознавање говор од Универзитетот „Аалто“ во Финска, како дел од активностите на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) при УКИМ, раководен од проф. д-р Ордан Чукалиев.

Порјазовски на презентацијата ќе ги изнесе сите детали за функционалноста на моделот, а на настанот ќе се обратат и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова, проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал и проф. д-р Илина Јакимовска, раководителка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ. Kanal5

Biznisvesti

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, на презентацијата истакна дека создавањето на платформата е „патриотски придонес“ на Универзитетот и на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс). -Овој модел може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), но и на лица со хендикеп, а се надеваме дека овој модел ќе најде примена и во многу дигитални алатки кои го прават нашиот живот полесен.

Во моментов ја презентираме првата верзија на моделот, но тимот кој го изработи моделот е детерминиран да се изработи и втора подобрена верзија, како и верзија за транскрипција на дијалектите на македонскиот јазик, која ќе придонесе за научноистражувачката работа на УКИМ, но и ќе ги зачува дијалектите за наредните генерации, рече Ангелова. Biznisvesti

16:29 h 09-Oct-2024
  • Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје попладнево официјално ја пушти во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма.
  • ◉ „Буки“ – прва дигитална платформа за транскрипција на говор на македонски јазик
16:02 h
  • Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денеска официјално ја пушти во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање на текстови во дигитална форма.
  • УКИМ ја лансираше новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“
07:30 h
  • Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе презентира нова дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“.
  • УКИМ ќе презентира дигитална платформа за транскрипција на говор на македонски јазик