Имајќи предвид дека 75 отсто од глобалната трговија е регулирана со правилата на СТО, кои обезбедуваат стабилност и предвидливост, бизнис-лидерите порачаа дека за да се одговори на предизвиците на 21 век, мора да се работи на зачувување и подобрување на овие правила.
Во бројните средби во рамки на Самитот со претседателите на стопанските комори, Азески истакна дека СКСМ инсистира да се идентификуваат полињата на соработка помеѓу науката и бизнисот на планот на одржливиот развој и зелената економија, со цел преку стручна и научно-базирана основа, компаниите да се приспособат кон современите трендови во насока на зголемување на конкурентноста и исполнување на строгите услови и критериуми на ЕУ и другите пазари. Netpress
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Дебатирајќи за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени, највисоките претставници од коморите и деловните лидери се согласија дека слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области. Fokus
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Дебатирајќи за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени, највисоките претставници од коморите и деловните лидери се согласија дека слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области.
Имајќи предвид дека 75 отсто од глобалната трговија е регулирана со правилата на СТО, кои обезбедуваат стабилност и предвидливост, бизнис-лидерите порачаа дека за да се одговори на предизвиците на 21 век, мора да се работи на зачувување и подобрување на овие правила. Nezavisen
На првиот состанок на Советот на жени при коморите во рамки на WCF, на кој од Стопанската комора на Северна Македонија учествуваше д-р Елена Милевска Штрбевска, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Комората, се дебатираше за предизвиците и можностите со кои се соочуваат жените во нивните лидерски улоги во коморите и во компаниите.
Преку споделените искуства на жените во бизнис-светот се упати порака дека различноста меѓу половите овозможува меѓусебно надополнување што треба да придонесе за подобар успех на тимовите, проектите и плановите, особено имајќи ги предвид предностите на жените како стрпливи и одлични преговарачи, моќни лидери со претчувство за ризик и навремено реагирање во кризни ситуации, како и природниот инстинкт за грижа за тимот, што може да доведат до корпоративен напредок и развој. Nezavisen