Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
13
84.42
34.23
1.39/2.73
13.00
7.95
0.61
975.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 13
27 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 983.0
Best clustering variants
27 0.99/0.01 2 983.0
360stepeni

Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот“, Според Организацијата на ОН за заштита на правата на децата земјата би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, „која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија“.

Универзалниот пристап – парична помош за секое дете, додава УНИЦЕФ, драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. 360stepeni

Telma

Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација“, се наведува во соопштението.

Ова опфаќа: Воведување универзално здравствено осигурување за секое дете, што ќе значи да не се условува здравственото осигурување на детето со статусот на осигурување на родителите; проширување на пристапот до предучилишно образование, што е пресудно за идниот успех во животот и претставува докажан пристап за справување со меѓугенерациското пренесување на сиромаштијата; спроведување програми за намалување на стапките на напуштање на училиштето и поддршка за вклучување на децата со попреченост и децата вон образовниот систем; зголемување на достапноста и квалитетот на социјалните услуги како што се услугите за поддршка на родителите и други интервенции насочени кон семејството, а за поддршка и заштита на децата. Telma