Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот.
Земајќи го ова предвид, со усвојувањето на Целите за одржлив развој во 2015 година, земјата цврсто се заложи до 2030 година да го намали за најмалку половина процентот на деца што живеат под прагот на сиромаштија“, наведува УНИЦЕФ. Netpress
Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот, посочува УНИЦЕФ во соопштението.
Според Организацијата на ОН за заштита на правата на децата „земјата би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија“. Civilmedia
Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Северна Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто.
Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Nezavisen
На Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ повикува да се зголеми опфатот со парична помош за деца и преку повеќесекторски одговор до 2030 година за да се намали за половина детската сиромаштија. Netpress