По посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе замине за Босна и Херцеговина.
Овогодинашната посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, што беше потврдено од претседателката Фон дер Лајен во неколку наврати, вклучително и неодамна на Самитот на Берлинскиот процес и на Бледскиот стратешки форум, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ. Libertas
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, каде со лидерите ќе разговара за напредокот на Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од шест милијарди евра. Telma
Според владиниот протокол, предвидено е Фон дер Лајен и Мицкоски да одржат заедничка прес-конференција во владиниот медиумски центар, каде ќе имаат и свои обраќања.
По Скопје, Фон дер Лајен ќе ја продолжи турнејата во Босна и Херцеговина. 360stepeni
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 24.10.2024 (четврток) поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Fokus