Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го оценува како добар потегот на Белград, кој според најавите, ќе отстапи автобуси „Соларис“ на Скопје, но смета дека од друга страна тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста таа да се справи со предизвиците. Nezavisen
„Во Скопје има бројни проблеми, еден од најголемите и крупен проблем е поврзан со градскиот превоз.
Една голгота што нашите граѓани ја трпат повеќе од две и пол - три години откако Арсовска е на чело на Град Скопје и сметам дека таа треба да има посериозен пристап во надминувањето на проблемот. Skopjeinfo