Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.
По завршување на 30 Конгрес на СДСМ, во изјава за медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче информираше за донесените одлуки а ја потенцираше и одличната енергија и ентузијазмот за време на одржување на Конгресот.
СДСМ вчера во Скопје го одржа 30. конгрес на кој се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор на заменик претседател/ка на СДСМ.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“.