Сметам дека можеби е време да дојде до одредено освежување во Комисијата за помилување, изјави денеска министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарски прашања во контекст на последната одлука за помилување осуденици од страна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која деновиве предизвикаа лавина реакции кај политичката и општата јавност.
Прашан за став во врска со последните одлуки за помилувањата, а во контекст на ресорот што го води, Филков вели оти Министерството за правда не помилува, туку единствено дава препорака за намалување на казната на осуденикот од еден до шест месеци, а таа потоа оди кај претседателката на државата, односно кај Комисијата за помилување. Libertas
Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа.
Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување. Civilmedia
Помилувањето на смее да биде злоупотребено за политичка битка, вели министерот за правда, Игор Филков. Mk