„За време на состанокот, страните разменија информации, временски рамка за изградба, а споделија и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел ‘Деве Баир’. Страните, исто така, се договорија постигнатите договори да ги презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ“, За состанокот вчера информираа и бугарските медиуми, кои го пренесоа соопштението на тамошното Министерство за транспорт, во кое иста така се наведува дека двете страни размениле информации, одредиле временска рамка и споделиле своите искуства за техничките прашања и теми поврзани со изградбата на Коридорот 8, со акцент на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.